Црвен крст Куманово ќе им помага на старите лица со достава на храна, лекови и намирници

Сподели со своите пријатели

Црвен крст на РСМ- општинска организација Куманово своите традиционални активности ги поврзува со актуелната состојба и организира хуманитарни акции со цел да се даде придонес во одговор на предизвиците на КОВИД-19.

Loading...

Согласно Календарот на традиционалните акции и активности на Црвениот крст од 16-22 ноември се одбележува Неделата на грижа на старите лица, под мотото „Сите сме нивни деца”.

Во рамките на неделата, општинската организација на црвен крст Куманово ќе организира активности за бесплатна услуга за набавка и достава на храна, хигиена, лекови и други намирници за стари и осамени лица на телефонската линија број 077/597-149 на која постарите лица ќе имаат можност да ја најават својата потреба за поддршка од страна на мобилниот тим на Црвен крст Куманово од 16-20 ноември 2020 година (понеделник до петок) од 9-15 часот.

Никола Ивановски

Leave a Reply