Општинската организација на Црвен Крст Куманово во текот на вчерашниот ден со своите волонтери повторно организираше посета на најпогодените села од големите пожари.

Во селата Четирце, Челопек и Кокино вд општина Старо Нагоричане, како и селата Зубовце и Мургаш од општина Куманово волонтерите доставија хуманитарна помош.

– Волонтерите доставија хуманитарна помош за жителите од селата чии семејни куќи беа зафатени од големите пожари. Хуманитарната помош се состоеше од прехрамбени и хигиенски пакети, вода, кебиња и душеци. Црвен крст Куманово ќе продолжи и во наредниот период да доставува хуманитарна помош за жителите од селата зафатени од пожарите, стои во соопштението.








Никола Ивановски

