Црна Гора го затвора небото за руските авиони

Сподели со своите пријатели

Црна Гора покрена постапка за донесување одлука за затворање на воздушниот простор за руските авиони, изјавиле за Радио Слободна Европа (РСЕ) од Министерството за капитални инвестиции, кое е надлежно за тоа прашање.

Loading...

Така, Црна Гора ќе им се придружи на земјите-членки на Европската унија (ЕУ), кои го затворија својот воздушен простор за воздушниот сообраќај со Русија како одговор на руската воена инвазија на Украина.

Тоа ќе биде и уште еден потег на официјална Подгорица да ја усогласи со надворешната политика на ЕУ, на што се обврза преку преговорите за членство.