Црна Гора го повлече амбасадорот од Украина

Сподели со своите пријатели

Црна Гора ја повлече амбасадорката Драгица Понорац од Украина поради воените дејствија на Русија и усложнување на ситуацијата, соопшти Министерството за надворешни работи.

Loading...

Како што се наведува, Амбасадата на Црна Гора во Украина од раните утрински часови е во интензивна комуникација со граѓаните на Црна Гора кои се во Украина, од кои некои пројавиле интерес за напуштање на земјата.

„Бидејќи украинските власти информираа дека воздушниот сообраќај е затворен, од амбасадата посочуваат дека враќањето е можно и по копнен пат, но истовремено предупредуваат дека патиштата се пренатрупани поради големиот број граѓани кои сакаат да го напуштат градот“, соопшти Министерството.

Министерството ги повика црногорските граѓани да ја напуштат Украина, истакнувајќи дека покрај амбасадата во Киев, достапни се и амбасадите во Романија, Полска и Унгарија за да се обезбедат сите потребни информации.