Црна дупка на мапите на Google ги полуде луѓето – вулкан, воена база или нешто друго?

Сподели со своите пријатели

Корисник на „Редит“ на „Гугл мапс“ пронашол „чудна црна дупка“ среде Тихиот океан, што предизвика дебата за тоа на што се однесува таа црна форма – дали е навистина дупка, вулкан, воена база или дури премин до нов свет?

Loading...

Имаше различни теории за чудна црна дупка, а всушност местото постои и се вика Восток – ненаселен корален остров во Кирибати, североисточно од Нов Зеланд.

Откако фотографијата од островот почнала да кружи на Интернет, луѓето почнале да дебатираат дали се работи за тајна воена база и заклучија дека поради некоја причина островот изгледа цензуриран.