„Црн мраз“ предизвика хаос во Австрија: Аеродромот во Виена затворен – сите летови откажани

Сподели со своите пријатели

Зимската бура предизвика сериозни тешкотии во неколку делови од Австрија, а меѓу најтешко погодените беше аеродромот во Виена.

Ледениот дожд и снежните врнежи доведоа до вонредна состојба во источните региони на земјата, објавија австриските медиуми.

Во текот на ноќта, но и во претходните денови, ледениот дожд ги покри патиштата и железничките пруги, што го отежна движењето значително.

Виена, Долна и Горна Австрија и Бургенланд беа особено погодени.

На многу патишта, таканаречениот црн мраз – речиси невидлив слој мраз што претставува голема опасност за учесниците во сообраќајот.

„Без разлика дали патувате пеш, со автомобил, со воз или со авион, денес се потребни извонредни нерви“, пишува весникот „Хојте“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Екстремен студ во Европа: Туристи заглавени во Финска, затворени училиштата во Германија

Поради сериозноста на ситуацијата, градските власти на Виена привремено ја укинаа забраната за солење, па солењето на патиштата е дозволено по исклучок до вторник напладне.

Проблеми беа забележани и во железничкиот сообраќај.

Австриските федерални железници (ÖBB) предупредија на долги доцнења и бројни откажувања на возови во текот на денот, особено во Виена, Долна Австрија, Бургенланд, Горна Австрија и Салцбург.

Меѓуградските линии до аеродромот се суспендирани, додека возовите до Грац сообраќаат само до станицата Виена-Мајдлинг.

Според распоредот, во моментов сообраќаат само приградската S-Bahn и градскиот аеродромски воз (CAT).

Ситуацијата е исклучително тешка и на виенскиот аеродром, објави авиокомпанијата „Еуровингс“.

Поради неповолните временски услови, аеродромот беше целосно затворен во текот на ноќта, што резултираше со откажување, доцнење и пренасочување на голем број летови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Евтини пакистански борбени авиони го освојуваат светот

Според најновото известување NOTAM за пилотите, виенскиот аеродром ќе остане затворен најмалку до 11 часот по локално време, што значи дека дотогаш нема да биде можно ниту слетување ниту полетување.