Clubhouse: Како малата апликација за допишување стана хит?

Сподели со своите пријатели

Апликацијата Clubhouse, која беше лансирана пред само 11 месеци, достигна вредност од една милијарда долари.

Loading...

Роберт Ван Винкл, попознат како рапер Ванила Ајс, неодамна собра повеќе од 1.000 фанови во Clubhouse, апликација за избраните, каде сподели детали за неговиот однос со Мадона, сподели совети за продажба на недвижнини и живеење, а потоа после неколку часа им порача на обожавателите дека мора да се исклучи пред мајката на неговото дете да се налути што го запоставил.

За 11 месеци, малата апликација за аудио разговор стана апсолутен хит и е главното место каде се водат дебати за слобода на говор, политика и популарна култура.

Луѓето кои се собираат во аудио собите за разговор зборуваат за разни теми, а апликацијата е симната скоро четири милиони пати само минатиот месец, пишува Аптопија, и пренесува Њујорк Тајмс.

Нејзе и се придружија и Илон Маск, Линдзи Лохан, Роџер Стоун.

Clubhouse е причината што се повеќе се зборува дека аудиото ќе стане нов тренд во светот на социјалните мрежи.

„Ова е огромна промена во начинот на работа на социјалните мрежи. Верувам дека ова е ново поглавје“, рече Дејв Морин, кој ја создаде социјалната мрежа Path пред повеќе од десет години и инвестираше пари во Clubhouse.

И покрај фактот дека апликацијата работи на принцип – само со покана, луѓето се подготвени да платат 89 долари за истата покана, за што се продава на eBay.

Loading...

Clubhouse  е основан од Пол Дејвидсон и Роан Сет. Иако минатиот месец собраа 100 милиони долари средства, а апликацијата веќе се проценува на 1 милијарда долари, таа падна минатата недела поради „преголемиот сообраќај“.

Функционира така што корисниците можат да изберат во која виртуелна „просторија“ сакаат да влезат по стартувањето, по што звукот автоматски се вклучува.

Креаторот на собата одлучува кој може да зборува, а корисниците можат да „кренат рака“ за да изразат интерес да се вклучат во дискусија.

CNBC го спореди искуството со „влегување во конференциска сала каде што се одржува панел дискусија или прашања и одговори“.

Leave a Reply