ЦЈЗ Куманово најави прскање од комарци во општина Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Како што информира Центарот за јавно здравје Куманово, во текот на следните два дена, т.е во вторник и среда, во вечерните часови од 22 часот до исполнување на задачите, ќе се изврши првата фаза на терестичка дезинсекција на подрачјето на општина Старо Нагоричане.

Центарот за јавно здравје во своето соопштение до јавноста упатува апел до одгледувачите на пчелите да ги преземат потребните заштитни мерки, односно затворање на кутиите со доволно вода за пиење на пчелите и непуштање три до четири часа по третирањето на даденото подрачје.