Цивили се обидоа да побегнат од град кај Киев, но тогаш почна гранатирање (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку тројца цивили загинаа кога руски минофрлачки сили нападнаа мост во близина на Ирпин, град северозападно од Киев, преку кој цивилите се обидоа да побегнат.

„Њујорк тајмс“ пишува дека биле убиени тројца членови на исто семејство. Истите медиуми објавија дека помали групи луѓе се обиделе да побегнат од градот трчајќи по патот, на кои им помогнале украинските војници во нивното бегство.

 

Русија тврди дека Украина имала програма за биолошко оружје

 

Сведок: Постојано бевме гранатирани, насекаде експлозии…

„Додека трчавме по патот кон автомобилите на волонтери кои нѐ чекаа, постојано бевме гранатирани“, изјави еден цивил за Би-Би-Си.

„Слушнавме експлозии насекаде, а војниците ни викаа да се фрлиме на земја“, додаде тој.

Во продолжение ви пренесуваме снимка од Ирпин која е направена порано денеска.

 

Русија тврди дека Украина имала програма за биолошко оружје

 

Ве предупредуваме дека снимките се ВОЗНЕМИРУВАЧКИ.