ЦИВИЛ: Имавме слободни избори, проблеми во работата на изборната администрација

Сподели со своите пријатели

Граѓанската организација ЦИВИЛ оцени дека денешните локални избори биле слободни со голем број помали нерегуларности и низа проблеми коишто се однесуваат на работата на изборната администрација, односно Државната изборна комисија и избирачките одбори.

– Педесет и шест проценти од извештаите кои пристигнаа во ЦИВИЛ се однесуваат на проблеми предизвикани од непознавање најмногу на процедурите, но и од проблематично однесување на дел од избирачките одбори, рече вечерва на прес-конференција претседателот на ЦИВИЛ Џабир Дерала.

Над 50 извештаи укажуваат на тоа дека во кочаните биле измешани гласачките ливчиња, дека гласачките ливчиња во една или друга избирачка единица им припаѓаат и на некои од соседна општина. Имало и случаи кога кутиите за лица со посебени потреби не биле поставени на соодветно место.

Од ЦИВИЛ информираат и за два случаи на поткуп на гласачи во село Јурумлери во општина Гази Баба и во битолската населба Баир, каде имало и вербална расправија помеѓу членови на организација „Излези да гласаш“ и група граѓани во битолската населба Баир. Регистрирано е и агитирање во тек на изборен молк на набљудувачи на ДУИ во Куманово,  како и инцидент при преборојување на гласовите во избирачкото место 1017/1 во Куманово, каде набљудувачи на „Беса“ тропале на вратата и барале да учествуваат во борењето гласови иако немале овластување.

Според Дерала,  по одржувањето на овие избори факт е дека изборната администрација навистина има многу работа пред себе и во делот на Избирачкиот список. Како што рече, над 150 граѓани неможеле да го остварат своето право на глас. – ДИК и по изборите во 2016 година наспроти  фактот дека има највиоски ингеренции од кој било состав  повторно потфрли.  Одговорните во оваа институција  треба да се замислат што правеле, што прават и што мислат да прават насокоро  затоа што имаме втор изборен круг и други изборни процеси, рече Дерала.

Детални информации за сите неправилности  од ЦИВИЛ најавија дека ќе објават во текот на утрешниот ден.

Извор: МИА

Loading...