Кога некој ќе каже „цимет“, веруваме дека вашата прва асоцијација со овој зачин се вкусните и миризливи колачи.
Сепак, многумина не знаат дека циметот не е само вкусен додаток на слатките, туку и зачин кој има бројни здравствени придобивки.
Циметот се користи во традиционалната медицина со векови во различни делови на светот, вклучувајќи ги Кина, Индија и Иран.
Истражувањата покажуваат дека циметот содржи антимикробни, антиинфламаторни и антидијабетични својства, помага во намалување на мастите, но е корисен и за други здравствени состојби.
Придобивките од овој зачин се навистина многубројни, а ние за вас издвоивме три кои најмногу се истакнале во научните студии.
Цимет поволно делува на намалување на нивото на шеќер и холестерол
Студијата спроведена во 2003 година покажа дека редовната употреба на цимет може да го намали нивото на шеќер во крвта и лошиот холестерол.
Во студијата учествувале луѓе со дијабетес тип 2 кои консумирале од еден до шест грама цимет дневно. Нивниот холестерол бил намален за 18 отсто, а нивото на шеќер во крвта за 24 отсто.
Го забрзува метаболизмот
Циметот го забрзува метаболизмот, а побрзиот метаболизам значи полесно слабеење. Добро е да додадете една лажичка цимет во утринското кафе или да го посипете на тост, овесна каша …
Го зајакнува имунитетот
Поради антиоксидансите, но и манганот, калциумот, влакната и железото, маслото од цимет го зајакнува имунолошкиот систем. Покрај тоа, има антибактериски, антивирусни и антигабични својства.