Под влијание на циклонска активност од утре до петок ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Поради заладување врнежите ќе преминат во снег и во некои од повисоките места, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Пообилни врнежи ќе има во среда и четврток.
Од овој бран локално се очекува да наврнат над 50 l/m².
Ќе дува умерен, а во среда засилен ветер од североисточен правец.
Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневните температури.
Никола Ивановски

