ЦИК на Русија го регистрираше Путин како независен кандидат: Треба да поднесе минимум 300.000 потписи

Сподели со своите пријатели

Централната изборна комисија на Руската Федерација денеска го регистрираше Владимир Путин како кандидат за претседател на Русија на изборите закажани за 15 март 2024 година, пренесоа руските медиуми.

Loading...

„На 29 јануари 2024 година во 11:23 часот е регистриран кандидатот за претседател на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин, роден 1952 година“, се вели во заклучокот усвоен на седницата на ЦИК, пренесува РИА Новости.

За функцијата шеф на државата во моментов се натпреваруваат 11 лица, а ЦИК на Русија претходно регистрираше тројца претседателски кандидати: Леонид Слуцки, Николај Харитонов и Владислав Даванков.

Со оглед на тоа што сите тројца се претставници на парламентарни партии, немаше потреба да се собираат потписи за нивно пријавување како кандидати за изборите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина тврди дека го нападнала аеродромот Борисоглебск во Русија

Кандидатите на вонпарламентарните политички партии Сергеј Малинковиќ, Борис Надеждин, Андреј Богданов, Сергеј Бабурин и Ирина Свиридова треба да поднесат најмалку 100.000 потписи до 31 јануари.

Лидерот на руските комунисти (КПРФ) Сергеј Малинкович денеска ги достави потписите до Централната изборна комисија.

Независните кандидати Владимир Путин и Анатолиј Баташев мора да соберат и да достават најмалку 300.000 потписи.

ЦИК на Руската Федерација ќе донесе одлука за регистрација на сите кандидати најдоцна до 10 февруари.

Loading...