Цигари, шампони и машини запленети на граничниот премин Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани мобилни телефони, рачни часовници, цигари, футроли за очила, нишесте, апарати за обработка на овошје и зеленчук, мрежи за лов на риби, бор-машини, компресори за гуми и сообраќајна дозвола, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Десет штеки цигари со македонски акцизни маркички, откриени при контрола на македонски влекач, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата, на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените цигари, пронајдени во кеса и во патна торба сместени на креветите во кабината на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

Вкупно 8 бор-машини и 9 мини компресори за пумпање гуми, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автобус кој сообраќал на редовна линија Дортмунд – Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, сопственост на македонски државјанин кој патувал со автобусот, се пронајдени под седиштето на патникот и на полиците за багаж во внатрешноста на автобусот. Производите се привремено задржани а против патникот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

 

cigari-tabanovce

 

Во трет случај вкупно 147 шампони од 250ml, откриени при контрола на македонски автобус, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените шампони, пронајдени во куфер сместен во просторот за багаж, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.