Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани цигари, додатоци на исхраната, инсектициди и фалсификати.
Вкупно 65 штеки цигари од марките WEST, BOSS, Winston, Lucky Strike и Marlboro биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонско комбе управувано од македонски државјанин, пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.
Loading...
Непријавените цигари биле пронајдени во специјално подготвено скривалиште во подот на возилото. Возилото и цигарите се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна пријава.
Вкупно 72 парчиња додатоци на исхраната PRIMED, откриени биле од страна на мобилните царински тимови, при контрола на автомобил со бугарски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.
Непријавените производи, пронајдени во три кеси сместени пред и позади предните
седишта покриени со фротирка и облека, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна пријава.
Скоро десет килограми инсектицид од марката METANATE, биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на српски автомобил управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.
Непријавените производи, пронајдени во картонска кутија во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна пријава.