Цигари, дрога, девизи и резервни делови запленети на Табановце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

6.000 евра биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при личен претрес на српски државјанин кој, со српски автомобил и во придружба на уште еден српски државјанин, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

Loading...

Патникот пријавил дека се себе носи 10.000 евра, но при извршениот личен претрес, покрај пријавените пари, во мала торбичка што ја носел на рамо биле пронајдени уште 6.000 евра, за кои не поседувал потврда за пријавени девизни средства издадена од царински орган при влез во Република Македонија.

Согласно законските прописи непријавените девизни средства се привремено задржани, а против патникот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Единаесет резервни делови за моторни возила биле откриени во два одвоени случаи на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на два македонски автомобили, управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата.

Loading...

Царинските службеници од граничниот премин Табановце автопат, во соработка со припадници на Министерството за внатрешни работи, спречија обид за криумчарење на хероин и кокаин. На граничниот премин за излез од државата се пријавил македонски автобус кој сообраќал на релација Струга – Белград. При контролата, извршена со помош на полициско куче за откривање дрога, во делот за рачен багаж во патникиот дел на автобусот, била пронајдена една торбичка за која ниту еден патник не се пријавил како сопственик. Во внатрешноста на торбата, во навлака од перница, биле пронајдени околу 350 грама кафеава прашкаста материја и околу 60 грама бела прашкаста материја. Случајот е предаден на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка. торбата управуван од македонски државјанин.

Вкупно 25 штеки цигари Rodeo со македонски акцизни маркички, биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автобус кој сообраќал на релација Дебар – Копер, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените цигари, пронајдени во просторот за вентилација на автобусот, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Leave a Reply