ЦИД започнува нов тригодишен проект – „Сеќавања од Југоисточна Европа“ (фото)

Сподели со своите пријатели

Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово, во наредните три години ќе се спроведува проектот “КУ Тенда- приказни, слики и звуци во движење – Сеќавања од Југоисточна Европа”.

 

Loading...

cid2

 

Проектот ќе се реализира во соработка со Романскиот Национален музеј во рамки на програмата Креативна Европа на Европската Комисија. Партнери на ЦИД во спроведувањето на овој проект ќе бидат организации од Италија, Романија и Бугарија.

Целта на проектот е да се прикажат материјалните и нематеријалните наследства на малцинските групи како и нивната поврзаност со мнозинската култура во секоја земја. Ние во Македонија ќе се фокусираме на влашкото малцинство и неговата богата културолошка традиција, и тоа посебно во овој североисточен регион со Куманово како негов најразвиен центар. Планирано е да се одржат бројни работилници во секоја од партнерските земји кои ќе го охрабрат меѓукултурниот дијалог преку уметност, занаетчиство, гастрономија и слично – велат од ЦИД.

cid3

 

Проектот ќе се спроведува преку интердисциплинарен пристап со посебен фокус на културниот идентитет и нематеријално наследство, со користење на различни методи и перспективи да се зборува за минатото и да се истражуваат теми како што се етнички идентитет, културолошка припадност и  колективна меморија на Југоисточна Европа.

На патувачки изложби како во Македонија така и во земјите на партнерските организации ќе се претставуваат уметнички производи, преку концерти на традиционална и современа  музика, филм, театарски перформанси и сл., кои треба да ги одразат материјалните и нематеријалните наследства на малцинските групи – додаваат од ЦИД.

Предвидено е да се објави публикација во која на јасен начин би се презентирале активностите во сите земји како и веб страна која ќе има за цел полесен и побрз пристап до информации поврзани со овој проект.