Центар за Интеркултурен Дијалог (ЦИД) во соработка со „Password Production“, по повод „Д-Фестивал“, кој е 3-дневен музички настан кој се одржува во Дојран, организираат автобус од Куманово до Дојран, кој ќе однесе млади луѓе од различни градови до фестивалот. За да младите го користат бесплатниот превоз ќе треба да имаат купена карта за Д Фестивал.
MultiKулти автобусот има намера да ја пренесе позитивната енергија и млад дух на своите патници целиот пат низ Македонија до фестивалот.
Автобусот во градовите во кои што ќе помине ќе донесе и низа интеркативни активности со кои на креативен начин ќе ги анимираат младите и ќе ги припремат за предстојната забава. За време на посетите во градовите исто така заинтересираните млади ќе може да добија информации за можностите кои ЦИД и МултиКулти ги нудат. За време на патувањето, позитивната енергија ќе се пренесува преку пораки и музика од изведувачите кои се дел од 3те фестивалски вечери. Приказната која ќе ја пишуваат младите кои патуваат со МултиКулти Автобусот ќе биде сложувалка која ќе се комплетира низ градовите но и за време на фестивалот во Дојран – велат организаторите.

