ЦИД и ЕВС организират „Недела на социјална вклученост“

Сподели со своите пријатели

Недела на социјална вклученост организира Центарот за интеркултурен дијалог заедно со волонтерите од ЕВС која ќе се одржи од 22 до 27 октомври, заккучно со главниот завршен настан кој во недела на 27 октомври ќе одржи со почеток во 15 часот.

Недела на социјална вклученост претставува творба на ЕВС волонтерите од Франција, Финска и Турција кои веќе 2 месеци вредно работат во младинскиот центар MultiКулти со цел да го разубават секојдневието на младите луѓе од сите етнички припадности и да ја подигнат свеста кај младите за социјална вклученост. Сите активности како што се вечер на јазиците – World Cafe (вторник, 22.11), вечер на игри (среда, 23.11), филмска вечер (четврток, 24.11) и работилница за драма (петок, 25.11) ќе се одвиваат во младинскиот центар MultiКулти, со почеток од 19:00 часот.

Завршниот настан Отворени врати за социјална вклученост (Open Doors 4 Social Inclusion) ќе започне во недела, 27.11.2016, во 15:00 часот во младинскиот центар MultiКулти. На настанот ќе може да проследите изложба на слики и цртежи од децата од ОУ “Светозар Марковиќ” – Старо Нагоричане и кампот на бегалци во Табановце, жива библиотека и јавна дебата, проследена со мал добротворен коктел – изјави Мила Јосифовска, ЦИД.

Завршниот настан е дел проектот Волонтирање за вклученост и толеранција од програмата Еразмус +, овозможена од Националната агенција за европски образовни програми и мобилности на Република Македонија, финансирано од Европската Комисија.