ЦИА се обидува да регрутира шпиони од Русија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) вчера објави видео на кое се обидува да регрутира шпиони, односно Руси незадоволни од војната во Украина и животот во Русија.

Loading...

ЦИА прво го објави видеото на Телеграм, а потоа и на другите социјални мрежи, вклучувајќи ги Твитер, Инстаграм и Фејсбук.

Видеото завршува со инструкции како анонимно и безбедно да контактирате со ЦИА.

Претставници на ЦИА вклучени во проектот велат дека руската инвазија на Украина создаде историска можност „Русите да дојдат кај нас и да им ги дадат на САД потребните информации“.

Неименуван функционер на ЦИА им рекол на Русите дека „агенцијата ги разбира подобро отколку што мислат“ и додаде дека ова видео има за цел да го демистифицира процесот на контактирање со ЦИА, пишува Си-Ен-Ен.

„Поради моите постапки, ќе живееме достоинствено“

Со овој проект, ЦИА таргетираше група руски граѓани, за кои се верува дека бројат илјадници, кои би можеле да имаат вредни информации.

Многумина од нив можеби не знаат како да стапат во контакт со ЦИА или мислат дека информациите што ги имаат немаат посебна вредност.

Двеминутното видео покажува како Русите го живеат својот секојдневен живот, навидум размислувајќи за важни одлуки.

Loading...

Темата за семејството се провлекува низ целото видео.

„Поради моите постапки, ќе живееме достоинствено“, вели нараторот на руски додека жена во автомобил се јавува во ЦИА на телефон, пред да се појават логото на агенцијата и упатствата за контакт.