Жена кобра. Така би можела да се нарече Ху Ксиаокиа, која одгледува змии на својата фарма во Чунгкинг.
Со оваа професија таа започнала да се занимава во 2014 година и од тогаш до денес има околу 1.000 различни змии, меѓу кои и кобри.
– Секое утро, првин им ја чистам собрата и проверувам температура и влажност, објаснува Ху Ксиаокиа, која ја нарекуваат Кралицата на кобрите.