ЧУДО: Жена извлечена од урнатините 60 часа по разорниот земјотрес (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Надежите за наоѓање повеќе преживеани во урнатините почнаа да бледнеат во Мандалај, каде што повеќето жители поминаа уште една ноќ на отворено по разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што остави повеќе од 1.700 мртви во Мјанмар и Тајланд.

Loading...

Сепак, неверојатниот случај кога жена била спасена жива по 60 часа поминати под урнатините на хотелот, по петчасовна операција на спасувачките тимови од Кина, Русија и Мјанмар, покажува дека не е се така мрачно.

Според соопштението од кинеската амбасада, таа била во стабилна состојба.

 

 

Сепак, една трудница немала толку среќа. Спасувачките екипи ја извлекле од урнатините откако била заробена повеќе од 55 часа. Ѝ ја ампутирале ногата со надеж дека ќе ја спасат, но залудно.

„Се обидовме со се за да ја спасиме“, изјавил член на лекарскиот тим откако било констатирано дека таа починала, бидејќи изгубила премногу крв.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уставниот суд на Јужна Кореја во петок ќе одлучи за официјален импичмент на претседателот Јун

Експертите не го кријат стравот дека на крајот бројот на загинати ќе биде многу поголем, со оглед на тоа дека се работи за земја со околу 55 милиони жители.

Сепак, и покрај мобилизацијата на меѓународната заедница за давање помош, во оваа азиска земја во моментов беснее граѓанска војна, која сериозно ја влошува ситуацијата.

Земјотресот што се случи во петокот, со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, следеше веднаш по земјотресот со јачина од 6,7 степени, со епицентар во центарот на Мјанмар.

Оттогаш, последователни потреси постојано се чувствуваат долж раседот Сагаинг, околу кој живее голем дел од населението на Мјанмар.

Сеизмичката активност од оваа јачина, која Мјанмар ја нема доживеано со децении, предизвика сцени на хаос и паника дури и на 1.000 километри од епицентарот, во Бангкок, каде што загинаа најмалку 18 лица, најмногу поради уривање на 30-катница во изградба.

 

 

Loading...

Во Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар, кој е преполн со урнатини, интензитетот на напорите на спасувачките тимови е отежнат и од временските услови, имајќи предвид дека дневните температури достигнаа 40 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОН: Недостаток на засолништа, чиста вода и лекови по земјотресот во Мјанмар

Експертите ги опишуваат тропските услови како сериозен тест за физичката и менталната издржливост на тимовите кои работат во областите на катастрофата, бидејќи, меѓу другото, тие го забрзуваат распаѓањето на телата под урнатините, што го прави процесот на нивно идентификување многу покомплициран.

Денеска се очекуваат погреби за стотици жртви, на денот кога муслиманската заедница во период на жалост треба да го слави Бајрам, крајот на месецот Рамазан.

Ќе биде многу тешко да се одреди бројот на жртвите во Мјанмар, земја која е подеднакво изолирана и фрагментирана: генералите на власт се во војна со бројни бунтовнички организации, особено оние на етничките малцинства, како и со политичките противници.

Сепак, многу редок повик за меѓународна помош упатен од водачот на воената хунта, Мин Аунг Хлаинг, барем ги потврдува размерите на катастрофата.

Официјално, властите вчера објавија околу 1.700 загинати, 3.400 повредени и 300 исчезнати.

Светската здравствена организација (СЗО) во неделата го класифицира земјотресот како итен случај на највисоко ниво, додека Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC) апелираше за повеќе од 100 милиони долари за давање помош.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силен земјотрес од 6 степени ја погоди Индонезија

Кина, Малезија и Индија веќе испратија спасувачки екипи, додека денеска се очекува да пристигнат и да започнат со работа екипи од Индонезија.

Loading...

Граѓанската војна, која избувна по масовните протести против воената хунта, која ја собори избраната влада на Аунг Сан Су Чи на 1 февруари 2021 година, го поткопа здравствениот систем.

Состојбата во земјава дополнително ја влоши сегашната состојба, поради што здравствениот систем немаше капацитет да се справи со ваков бран жртви, велат хуманитарните организации.

Ситуацијата беше веќе сериозна пред да се случи земјотресот, бидејќи војната принуди повеќе од 3,5 милиони луѓе да бидат внатрешно раселени, според Обединетите нации.

Според бунтовничките организации, земјотресот не ги спречи воените власти да ги продолжат своите воени операции.

Во државата Шан (на североисток), во воздушен напад загинаа најмалку седум борци, според организацијата на која и припаѓале. Слични напади се пријавени од Карен Стејт.

Во Бангкок продолжуваат операциите за пронаоѓање на преживеани во урнатините на 30-катната зграда на владината администрација која се урна, затрупајќи околу 80 работници.

Loading...

Локалната самоуправа во метрополата соопшти дека јавниот транспортен систем продолжи со работа откако беше суспендиран заради проверка на состојбата.