ЧУДО ВО КИЕВ: Жена (23) роди ќерка на метро станица за време на руската инвазија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Среде руската инвазија на Украина синоќа во Киев се роди мало чудо, среде хаос.

Loading...

Една жена (23) имала причина да биде можеби поуплашена од другите. Нејзиното бебе е родено додека се криела, заштитено од напади во засолништето, додека надвор беснее пукање, пренесува Daily Mail.

Малата Миа малку пред 20.30 часот е родена во најстресни околности за породување.

Плачот на нејзината мајка го слушнала украинската полиција која притрчала на помош.

Еден полицаец Никола Шлапак изјавил дека и помогнале да роди девојче и повикале брза помош која ги однела во болница каде останале, а според медиумите и мајката и бебето се добро.