Природата прилично се поиграла кога станува збор за мачката Венус, но токму благодарение на својот невообичаен изглед станала позната ширум планетата.
https://instagram.com/p/BjNXxNdDney/?utm_source=ig_embed
Loading...
На лицето на мачката Венус природата „исцртала“ геометриски правилна линија која нејзината глава ја дели на две идентични половини, само што едната е целосно црна, а другата со жолта боја. Милиони следбеници на Инстаграм и Фејсбук ги обожаваат нејзините фотографии, а Венус со време станала посветен хуманитарец, пишува „Пет магазин“.
Во еден момент нејзината сопственичка Кристина забележала колку внимание предизвикува нејзината мачка, па се вклучила во друштво на општество одговорни компании. Нејзиниот миленик така станува главен промотор на проектот „Фати-стерилизирал-врати“, кој се однесува на уличните мачки.
https://www.instagram.com/p/Bg9rjaTDU0V/?utm_source=ig_embed
Самата Венус животот го започнала како напуштено маче кое Кристина го вдомила во 2009. година. Кога еден од нејзините пријатели поставил фотографија на Редит, во рок од неколку часа таа станала вирална.
– Првите неколку дена ги минав пред компјутер и одговарав на „обвинувањата“ дека Венус е фотошопирана. Затоа отворив Јутјуб канал и започнав да објавувам нејзини снимки. На сите им стана јасно дека Венус навистина има две лица, објаснува Кристина.
https://www.instagram.com/p/Bg9rjaTDU0V/?utm_source=ig_embed
Венус ги инспирира луѓето ширум светот и промовирал убавина на различноста. На Кристина непрестано и пристигнуваат мејлови од родители на деца кои боледуваат од витлинг и кои и се благодарни што нивните деца ги прифалите белите дамки на кожата благодарение на нејзината мачка.
Оваа Американка започнала и производство на плишани играчки кои изгледаат како Венус, а сите пари од продажбата ќе бидат дадени за стерилизација на уличните мачки.
https://instagram.com/p/BgE_oxtjW4v/?utm_source=ig_embed