Илон Маск е пример за човек кој успеал во се што посакал, па би било добро нешто да научиме од него.
За да го постигне тој успех, се водел по многу чудни правила кои му го овозможиле местото на кое сега се наоѓа, но дали тие правила навистина можат да ни помогнат?
Илон Маск има бизарна работна етика, но очигледно е успешна. Ова се неколку правила за успех кои тој ги следи, а вие проценете дали навистина би функционирале кај сите.
Работете многу напорно без престанок, затоа што секогаш некој работи понапорно од вас
Животот на Илон Маск се врти околу работата, а бројни резултати потврдуваат дека има луда работна етика.
Маск работи околу 80 до 100 часа неделно во своите компании и во едно интервју рекол дека попрво би работел цел ден отколку да седи.
Не рекламирајте, само направете совршен производ
Илон Маск е еден од највлијателните милијардери во овој век, па со оглед на тоа, неговите совети за водење на бизниси имаат големо значење.
Според милијардерот, новата компанија не треба да се фокусира на маркетинг аспектот, туку на вкупниот квалитет на самиот производ.
Треба да се фокусира на тоа дали производот е добар и длаи ќе донесе задоволувачки профит.
Читајте многу, многу книги
Според мислење на многумина, неговата интелигенција и мудрост не можат да се проценат, а тој во некои интервјуа открил дека уште од мали нозе читал многу книги и енциклопедии и смета дека треба да бараме зголемување на обемот на човечката свест за да подобро разбереме какви прашања да поставиме.
Не користете патентирање
Илон Маск верува дека работите како правна документација го спречуваат напредокот на неговите мисии на клиентите да им го пружи она што е најдобро.
Сепак, дали е подобро да се биде безбеден и да се знае дека никој не може да ја украде вашата идеја или да се каете поради тоа што конкуренцијата ги присвоила вашите заслуги.
Парите не се крајна цел
Со оглед на тоа дека на Маск повеќе не му се главна цел парите, тој деновите ги минува размислувајќи за иднината.
Наместо да тежнеете кон стекнување пари, насочете се кон подобра иднина и решавање на проблемите кои можат негативно да влијаат на општеството во иднината.
Ако имате проблем, кежете им го на сите
Во поголемиот дел од компаниите вработените своите грижи и прашања ги упатуваат до претпоставените, но проблемите најчесто не се решаваат затоа што и натаму комуникацијата со менаџерите е лоша или се игнорираат проблемите и мислењата на работниците.
Илон Маск има поинаков концепт на управување и ги охрабрува вработените наместо да чекаат да се оратат само на тој еден човек над себе, да бидат опуштени и да разговараат за проблемот со некој на многу повисоко ниво.
Не губете време на состаноци – беспотребни се
Додека многу работодавачи ги ценат состаноците како важна врска во комуникација со вработените, Илон Маск смета дека состаноците се губење време.
Тој вели дека освен ако состанокот не е од клучно значење за целата компанија, тогаш нема потреба да се губи време во беспотребни разговори.
Комуникациските вештини се од клучно значење
При запознавање впечатокот е многу важен,а секој работодавач ги цени комуникациските вештини кај вработените или кај кандидатот за работа.
Кои правила?
Сепак, иако Илон Маск се водел по одредени принципи кои ние ги нарекуваме правила за успех, тој сепак не смета дека треба слепо да ги следиме правилата во работата.
Тој не верува во правила на компаниите и повеќе сака да се користи со здравиот разум, отколку да се слушаат претпоставените и пишаните правила, особено ако се нелогични.
Слушањето на инстинктот е клучно за растот на компанијата и може да доведе до успех.