Луѓето веќе ја искористиле сета вода, земја, чист воздух и други ресурси на планетата Земја кои требале да ги користат во текот на цела 2017 година, пишува „Индепендент“.
Според еколошките групи WWF и Global Footpring Network, ресурсите ги искористивме на 2 август годинава, а тоа е забележано како „Ден на пречекорувањето“.
Тоа доаѓа порано за разлика од минатата година, што значи дека човештвото ќе живее „на кредит“ до 31 декември.
До 2 август искористивме повеќе ресурси на нашата планета отоколку што таа може да обнови за оваа година. Тоа значи дека а седум месеци сме емитувале повеќе јаглерод диоксид од што океаните и шумите може да апсорбираат за година дена, сме уловиле повеќе риби, исекле дрвја и потрошиле повеќе вода отколку што Земјата може да произведе за истиор период – се вели во соопштението.
Според активистите, за да се задоволат потребите на растечкиот број на население потребни се дури 1,7 планети за да се произведе потребното.
Ова се мери од 1986 година, а тој ден никогаш не бил порано од оваа година.
За време на осумдесетите години тој ден се паѓа во ноември, па во 1993 година во октомври, а во новиот миледниум во септември.
Хуманитарните организации советуваат дека мора да се преокрене овој тренд ако се јаде помалку месо и се намали потрошувачката на гориво, како и отпадот од храна.