ЧОВЕКОВИТЕ РАСИ СЕ МИТ: Откриено зошто бојата на кожа се разликува!
On:
Сподели со своите пријатели
Со одглед на тоа дека современиот човек потекнува од Африка и дека денешните Африканци имаат темна боја на кожата, се верува дека темната боја на кожа е постара. Меѓутоа, ново истражување покажало дека многу работи се поинакви.
Биолошки, расата не постои. Се работи за социјална конструкција, со сите предрасуди кои одат со неа. Разликата во бојата на кожа е резултат на различни наследни изложености на сончевата светлина, пишува „Индепендент“.
Човекот потекнува од Африка, но изненадувачки малку знаеме за различните тонови на боја на кожа кои луѓето на овој континент ги имаат.
– Кога луѓето размислуваат или зборуваат за Африканците, на поголемиот дел асоцијација им е темната боја на кожата. Всушност ширум Африка постои огромна варијација на нијанси, кога е во прашање бојата на кожата, од светла како кај Азијатите, до најтемна, објаснува генетичар од Универзитетот Пенсилванија Сара Тишкоф.
Резултатите од истражувањето, кое Тишкоф го спровела со својот тим, покажуваат дека генетската поврзаност во случај на потемна, но и посветлна боја на кожа, потекнуваат од Африка.
Тие проучувале 1.570 доброволци од 10 етнички групи во Етиопија, Танзанија и Боцвана мерејќи ја количината на темниот пигмент меланин во нивната кожа.
Успеале да откријат осум делови од геномот поврзани со пигментација, која ја објаснуваат околу 30% од варијациите. Во секој од осумте делови постоела по една варијанта одговорна за посветла, односно потемна кожа.
Она што било изненадувачки за сите е што еден ген од Европјаните е вообичаен и кај Африканците. Иако го поседуваат овој ген, Африканците немаат бела кожа, а како објаснување се наведува постоењето на неколку гени кои ја обликуваат нивната боја на кожа.
Најстарите откриени варијанти одговори се за светлата боја на кожа.
– Многу варијанти на генот кои формираат светла кожа во Европа водат потекло од Африка. Кога би ја избричиле шимпанзата, сфаќате дека таа испод крзното има светла кожа. Така е логично дека бојата на кожа на нашите предци била релативно светла. Можно е нашите предци, кога го изгубиле крзното кое го прикривало нивното тело и мигрирале од шумите, да им било потребна и корисна потемната боја. Мутациите кои влијаат на бојата продолжиле да се развиваат дури и во последните неколку илјада години, вели Тишков.