Данскиот Врховен суд осуди маж на четири месеци затвор поради кашлање на двајца полицајци, додека истовремено викал „корона“ за време на рутинска контрола на сообраќајот во март минатата година.
Случајот, кој се случил додека имаше силни мерки за ограничување во земјата, резултирал со негово апсење за заканувачко однесување, иако подоцна тестирањето потврдило дека тој е негативен за коронавирус.
Прво бил ослободен од понискиот суд, но апелациониот суд ја поништил ослободителната пресуда и го прогласи за виновен.
На рочиштето пред Врховниот суд, обвинителите побарале казна од три до пет месеци затвор.
Слични случаи се регистрирани во Велика Британија, САД и Канада.
Англиските и велшките полицајци бележат 200 случаи неделно со кашлање и плукање на полицијата, а обично пред тоа тие луѓе би рекле дека се заразени, според анализата на британскиот весник „Телеграф“ спроведена во април минатата година.,
Исто така бил осуден за бегство од полицијата по прелиминарниот распит во градскиот суд, пренесува Хина.