Старото правило кое прво ќе го научите ако студирате новинарство вели дека не е вест кога куче ќе касне човек, туку обратно. Токму тоа и се случило откако маж од американската сојузна држава Њу Хемпшир каснал полициско куче обидувајќи се да избегне приведување.
Loading...
По пријавата дека едно лице е застрелано во куќа во градот Боскејвен, полицијата излегла на лице место. Затекнала две лица кои се обидувале да избегаат, а едната од нив успеала да изгризе полициско куче, по што и кучето возвратило.
Се пожалила на алергија од кучињата во авионот: Нив ги оставиле, а неа ја исфрлиле од летот (видео)
Осомничениот, чие име не е наведено, обвинет е за давање отпор при апсење и за напад врз полициско куче.
Кучето е идентификувано како К9 Веда и со оглед дека не е повредено, веднаш е вратено во служба.
На улиците се појавија сини кучиња: Причината за нивната бизарна боја е многу тажна (видео)
– Ако се обидете да се натпреварувате во каснување со полициски кучиња нема никогаш да победите. Тие се прилично подобри во тоа, навел еден полициски службеник.