Членовите на Движење ЗНАМ од Куманово даруваа крв (ВИДЕО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Во организација на Општинската организација на Движење ЗНАМ – За наша Македонија од Куманово денеска во просториите на поранешен Комитет беше реализирана крводарителска акција.

Акцијата беше спроведена во соработка со Црвен Крст Куманово и Институтот за трансуфзиона медицина – Скопје.

 

 

Како што информираше Мирјана Прокиќ Младеновиќ, акцијата е во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на крводарителството.

– Крводарителството е врховен чин на хуманоста, затоа треба да даруваме крв и да спасуваме што повеќе животи. Даруваната крв треба да го чека пациентот, а не пациентот да ја чека даруваната крв, изјави Прокиќ Младеновиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Танцов перформанс „Пафта - Словенските корени на македонскиот народ” (ФОТО)

 

Loading...

 

Доктор Арлинда Рушиди Азизи од Институтот за трансуфзиона медицина – Скопје вели дека во моментот нема недостаток од крв, но сите заинтересирани можат постојано да даруваат.

– Имаме доволни количини. Даруваат секојдневно дарители во Институтот и сите служби на Трансфузиона медицина низ државата. Можеме да кажеме дека малку е намалена бројката на млади дарители, особено во училиштата, но со овие акции се обидуваме да ја зголемиме бројката. Сепак намален е и бројот на млада популација во Македонија, па може да кажеме дека тоа е и друг проблем, вели др. Рушиди Азизи.

 

 

Гооран Џељо Илиќ досега 46 пати има дарувано крв, денеска беше дел од акцијата и се надева дека наскоро ќе стигне до бројката од 50 дарувања.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Отворена изложбата „Самоуки 2025“ во Куманово (ФОТО)

– Треба да дарува крв секој, се прочистува организмот, добро е за здравјето, но и да помогнеш некому, хумана работа е, некому му треба крвта што ние ќе ја дадеме, вели тој.

Во првите два часа од акцијата беа собрани околу 18 крвни единици, а се очекува бројката да се зголеми во текот на денот.

Никола Ивановски