Кумановците Роберт Ангеловски и Даниел Каранфиловски од street workout клубот „Бар Гладијаторс“ се вратија со нови успеси од Меѓународниот турнир кој се одржа во Пула, Хрватска изминатиот викенд.

Од околу 40 пријави, во силна конкуренција од натпреварувачи од Хрватска, Словенија и Македонија, Роберт Ангеловски се врати со совоено трето место во категоријата склекови за една минута, додека Даниел Каранфиловски со трето место се закити во категоријата Chin ups.


