Членовите на австриската ФПО го напуштија парламентот за време на обраќањето на Зеленски

Сподели со своите пријатели

Пратениците на екстремно десничарската Слободарска партија на Австрија (ФПО) денеска ја напуштија седницата на Долниот дом на парламентот за време на говорот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, протестирајќи поради тоа што е нарушена неутралноста на Австрија, пишува Гардијан.

Loading...

Зеленски зборуваше преку видео врска, заблагодарувајќи се на Австрија за хуманитарната помош и помошта со проекти во земјата, вклучително и помош за деминирање.

Според „Гардијан“, ставот на Австрија е дека нејзината неутралност ја спречува воено да се вклучи во конфликтот и дека, иако политички ја поддржува Украина, не може да испрати оружје во таа земја во борбата против руската инвазија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп до Украина: Сакаме 500 милијарди долари во ретки метали

Пред неколку дена ФПО предупреди дека ќе одржи некаква форма на протест против говорот на Зеленски.

Пратениците од таа партија присуствуваа на почетокот на говорот и набрзо ја напуштија седницата.

„Тажно е што ФПО е единствената партија во парламентот која сериозно ја сфаќа нашата вечна неутралност и на тој начин се залага за мир“, рече лидерот на ФПО Херберт Кикл во изјавата во вторникот.

Пратениците кои ја напуштија салата оставија пораки на масите со партиското лого и натписи „простор за неутралност“ или „простор за мир“.

Од петте партии во парламентот, ФПО има трето место по број на места во Долниот дом.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Москва е подготвена за преговори за Украина