Друштвото за управување со отпад ”Нула отпад” беше во посета на Детската академија ”Бреинобреин” во Куманово каде одржаа едукативна работлница за проектот за собирање отпадни батерии и отпадна електронска опрема.
Децата членови на ”Бреинобреин” се едуцираа за тоа како се селектира електронски отпад и колку истиот е штетен доколку не се фрла на соодветно место. Во истовреме, децата членови на детската академија земаа учество во ликовниот конкурс на тема ”Нула Отпад” и ќе се натпреваруваат за награда во конкуренција со останати деца од Македонија.
Инаку, друштвото ”Нула отпад” од Скопје во моментот спроведува иницијатива за посета на останати едукативни центри и училишта во Македонија за да им ја доближи темата за здрава животна средина преку проект за складирање на електронски отпад.
Детската академија за развој на ментални и интелектуални вештини реализираше и останати едукативни предавања, и тоа со ”Виталиа” здрава храна, со ”Идеал Шипка” за значењето на протеините во секојдневната исхрана, како и предевања на стоматолог за значењето на оралната хигиена кај децата.