Членките на НАТО ги потпишуваат пристпаните протоколи за Шведска и Финска

Сподели со своите пријатели

Во вторник, членките на НАТО ќе ги потпишат пристапните протоколи неопходни за покана на Шведска и Финска во воениот сојуз на церемонија во седиштето на НАТО во Брисел.

Loading...

Шведската министерка за надворешни работи Ен Линде и нејзиниот фински колега Пека Хаависто ќе учествуваат на церемонијата заедно со претставници на 30 членки на западната воена алијанса.

Протоколите му дозволуваат на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг да издаде официјална покана до Шведска и Финска да се приклучат на алијансата, но процесот на ратификација може да потрае.

Потенцијалните членови мора да донесат протоколи, процес кој обично ги вклучува националните парламенти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проруски сепаратистички регион: Демонстранти насилно го окупираа парламентот, најавија рушење на владата

Се проценува дека ќе бидат потребни уште шест до осум месеци пред Шведска и Финска да влезат во НАТО.

Протоколите за пристап можеа да бидат потпишани порано, но Турција се согласи во последен момент пред почетокот на самитот на НАТО во Мадрид минатата недела да се откаже од своето противење за прием на нордиските земји.

Анкара ги обвини Стокхолм и Хелсинки за поддршка на Курдистанската работничка партија (ПКК) и милицијата ЈПГ со седиште во Сирија, која Турција ги смета за терористички групи. Двете земји ги отфрлија обвинувањата.

Потресени од руската инвазија на Украина, Шведска и Финска поднесоа барање за членство во НАТО на 18 мај. Но, Турција ја блокираше нивната кандидатура со недели поради стравувањата поврзани со тероризмот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД и Филипините потпишаа договор за споделување на доверливи воени информации и технологии

Имено, за секое ново влегување во НАТО потребно е едногласност на сите членки.

Блокадата заврши откако тројцата водачи се согласија да соработуваат на низа напори за борба против тероризмот, вклучително и договори за екстрадиција и откако ветија дека ќе го укинат ембаргото за оружје.