Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ од вчеравечер започна со миење на улиците како краткорочна мерка за намалување на загаденоста на воздухот, покрај денешното озеленување на дел од приградските населби кое ќе биде како мерка на подолгорочен план.
– Во текот на вчерашниот ден ние започнавме со интензивно перење на улиците во централното градско подрачје. Паралелно со улиците ќе ги переме и тротоарите. Таа акција ќе ја вршиме заедно со пожарната при општина Куманово. Тие ќе ни излезат во пресрет со свое возило. За таа цел ние имаме пуштешно две цистерни кои ќе работа во доцните вечерни часови, изјави Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“.
Loading...
Како што додадоа надлежните по кратко време повторно е чистена дивата депонија пред влезот на населбата Перо Чичо, бидејќи сметот го палат несовесни граѓани и загадениот воздух станува уште поштетен за дишење.
Акција за чистење на дива депонија деновиве ќе започне и на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.