„Чистота и зеленило“ бара начин за набавка на нови камиони за смет

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ бара начин за набавка на нови камиони за изнесување на смет, рече денеска директорот Даниел Стојчевски на деншната седница на Советот на Општина Куманово, при што додаде дека со возилата со кои се располага сега изнесување смет два пати неделно од приградските населби и села не е возможно.

Loading...

Од таму доаѓа и пониската цена која ја плаќаат граѓаните надвор од централното градско подрачје.

– Сега за сега јавното претпријатие нема доволно капацитет, бидејќи не располагаме со доволен број возила за да истата услуга ја вршиме подеднакво. Работиме на таа проблематика, се обидуваме да набавиме камиони и возила со сосптвени средства, имам најава дека со проектот за регионална деопонија преку донација ќе добиеме нови возила и дури тогаш можеме да планираме да изнесуваме смет два пати неделно и вонградежен реон и населени места, рече директорот Стојчевски.

Покачувањето на смеките е минимално рече тој, додавајаќи дека кај одредени корисници дури има и намалување.

– Нормално е да има кај одреден дел, но кај други има и намалување, затоа што сега за сега таква е методологијата се врши според рапсолпжлива квадратура. Ние ја пресметуваме квадратура на станбени објекти до 120 квадрата, без дворни места, затоа што во населбите и селата граѓаните имаат поголеми квадратури на дворно место и мислам дека е коретна цената што ја плаќаат и мислам дека е мала во однос на трошоците за вршење на оваа услуга, додаде тој.

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ Сашо Стошевски вели дека покачување има кај 85% од населението, но вели дека е поважен истиот третман како и во централното подрачје.

Loading...

– Има покачување кај 85 отсто, не бараме повластување, туку иста услуга како граѓаните од „Октомвриска“ кои плаќаат 300 денари за два пати неделно и имаат контејнери, во населбите нема контејнери и канти за отпадоци и тогаш ви кажав лесно е да ја покачиме цената, да го подорибме квалитетот, цената да ја оставиме за потоа, рече Стошевски.

Но, доколку се донесе одлука заиста методологија во градежен и вонградежен реон цената, според директорот Стојчевски би била многу поголема.

По однос на цените доколку донесеме одлука за иста методологија во градежен и вонградежен реон врз основа на дворните места на тие граѓани тогаш цената би изнесувала околу 800-900 денари, а сега максималната е 300 денари, не можеме да споредиме стан од 50 квадрати кој нема дворно место и куќа од 200-300 метра со двор од 2.000 до 3.000 квадрати не можат, реално не прават иста количина на смет, ако имаат поголем двор имаат повеќе смет, јавното претпријатие се сложува дека треба да има два пати изнесување на смет во тие населени метса, но сега капацитетот е таков, ќе видиме дали може од наредната година да се изнесува сметот два пати неделно, но потенцирам истата методологија во градот ќе се примени и за тие населени места и цената ќе биде многу поголема, рече Стојчевски.

Советникот Саша Николиќ пак предложи да се промени методологијата за вршење услуга, не според квадратура, туку според број на жителите во објектот.

– Факт е дека отпад не го создаваат квадратните метри туку граѓаните, ако во селска среедина во тие 200 квадратни метри живеат една баба или еден дедо, не можат да создадат толкав отпад каде во градот од 50-60 квадрати има 5-6 луѓе. Ако сакате реална цена, да се направи промена на методологија, да се излезе по конкретни предлози и да се донесе исправна одлука во корист на граѓаните, рече Николиќ.

Loading...

Но, според директорот Стојчевски поодалечените места, прават поголем трошок за изнесување на сметот. Во иднина како што рече има најава цената да ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика и таа да биде иста за целата држава.

Leave a Reply