Владата во Загреб е реконструирана. Тројца министри се сменети, а на нивните места се именувани нови. Освежењата биле нужни, порачува премиерот Пленковиќ.
Премиерот Андреј Пленковиќ ја сменил министерката за регионален развој и ЕУ Фондови Гавриела Жалац, министерот за земјоделство Тромислав Толушиќ и министерката за демографија Нада Мурганиќ.
На местото на Жалац поставен е министерот за труд Марко Павиќ, Јосип Аладровиќ, шефот на ХЗМО, ќе го замени марко Павиќ.
Нада Мурганиќ ќе ја замени претставничката на ХДЗ Весна Бедековиќ.
Марио баножиќ ќе биде предложен за нов министер за државен имот наместо Горан Мариќ, кој морал да поднесе отавка поради аферата со поклопување на недвижнини.
Министерката за надворешни и европски прашања, која заминува на местото на генералната секретарка на Советот на Европа, ќе ја замени конзулот во Германија Горан Грлиќ Радман.
Потпретседателите на владата се министрите за финансии и внатрешни работи Здравко Мариќ и Давор Божиновиќ.
Премиерот Пленковиќ по состанокот со коалициските партнери се обратил на јавноста со зборовите дека „освежувањата биле нужни“.
– Како мандатар и оној кој одлучува, проценивме дека во овие политички околности, една оптеретувачка слика за владата, овие освежувања се нужни. Проценив, заедно со раководството на ГДЗ, дека е потребен еден важен пресврт, рекол тој.
Image by Arvid Olson from Pixabay