Бугарија денеска пријави рекорден број дневни смртни случаи и инфекции со коронавирус, а четвртиот бран на пандемијата се заканува да го уништи здравствениот систем, во оваа најмалку вакцинирана членка на Европската унија.
Бројот на новозаразени во претходните 24 часа достигна 5.863, а од последиците од Ковид 19 починаа 243 лица, покажуваат официјалните податоци.
Соочена со растечки инфекции и бавна вакцинација, Бугарија, со население од седум милиони и 23.316 смртни случаи од ковид од почетокот на пандемијата, ги воведе како задолжителни здравствени пропусници за повеќето затворени јавни простори.
Новите ограничувања предизвикаа протести, при што некои политички партии ја обвинуваат преодната влада дека не успеала да управува со пандемијата пред парламентарните избори на 14 ноември.
Здравствените власти предупредуваат дека неуспехот да се забави новиот бран на болеста може да предизвика построги ограничувања, бидејќи болниците се борат со зголемен број пациенти со Ковид-19.
Според денешните податоци, на болничките одделенија се над 7.100 лица, од кои 608 се на интензивна нега, а повеќе од 90 отсто од пациентите не се вакцинирани.
Бројот на вакцинирани, од кои само 24 отсто кај возрасната популација, во споредба со просекот на ЕУ од 74 отсто, е зголемен од минатиот четврток, кога властите го ограничија пристапот до ресторани, кина и спортски сали, меѓу другото, само за оние кои биле имунизирани, го прележале вирусот или имаат негативен тест за Ковид-19.