Украинската воена команда соопшти дека четири лица загинале, а десет се ранети кога руска граната погодила болница во Вуледар во областа Доњецк во источна Украина.
Како што се наведува, меѓу ранетите има и шест лекари.
Украина објави дека Русија извршила 203 напади од почетокот на денот, додека борбите се во тек на речиси целата територија, објави Ројтерс, пренесе Гардијан.
Украинското Министерство за надворешни работи во 14 часот по локално време издаде посебно соопштение во кое официјалните лица констатираа дека е соборен еден руски хеликоптер К-52, како и три хеликоптери кај Гостомел во Киевската област.
Како што додадоа, борбите се во тек во областа Луганск во близина на градот Шастја, а „непријателот сѐ уште трпи загуби“.