Четворица повредени при судир на три возила во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четири лица биле повредени откако вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу три возила во населбата Карпош во Куманово.

Loading...

– На 27.07.2025 околу 18.30 часот на крстосница од магистрален пат А2 и приклучок кон магистрален пат А2  во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „сеат“ со српски национални ознаки, управувано од Н.П.(33) од Република Србија, патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од  Д.М. (26) од село Младо Нагоричане и патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Ц. (24) од Скопје, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Советот на Општина Куманово утре ќе ја одржи својата 60. седница

Како што додаваат, во незгодата со телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово,  се здобиле возачите на возилата и сопатничка Е.Т. (51) од возилото „сеат“.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски