Четири лица, од кои тројца малолетни, се здобиле со повреди во тешка сообрааќајка што ноќва се случила во Куманово.
– Денеска (24.06.2025) околу 00.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„523“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(26) од с.Герман, општина Ранковце, излетало од коловозот, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од СВР Куманово, со тешки телесни повреди се здобил возачот и 15-годишна сопатничка, додека со телесни повреди се здобиле 14-годишна сопатничка и 16- годишен сопатник, сите од Куманово, констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.
Никола Ивановски