Четворица Палестинци убиени во жестоки судири со израелската армија

Сподели со своите пријатели

Четворица Палестинци загинаа утрово, а најмалку 13 се ранети во судири со израелски војници во градот Џенин на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Loading...

„Ситуацијата во логорото (палестински бегалски камп) е критична“, се вели во соопштението на палестинскиот министер за здравство Маи-Ал Каила, додавајќи дека израелските војници фрлиле канистри со солзавец во детското одделение на болницата таму, пренесе Франс прес.

Израелската армија во кратко соопштение објави дека влегла во бегалскиот камп Џенин, упориште на екстремисти на Западниот Брег, каде осомничените екстремисти се апсат речиси секој ден речиси една година, но не откри други детали, пренесе АП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Драма во авион: Патниците почнале да крварат од устата и ушите, веднаш бил приземјен

Израелскиот јавен сервис Кан објави дека војниците имале намера да уапсат припадник на Исламскиот џихад кој наводно подготвувал голем „терористички напад“.

Локалното крило на таа екстремистичка организација објави дека нејзини членови пукале во израелски војници и активирале експлозивни направи.

Палестинскиот министер за здравство изјави за новинарите дека една 60-годишна жена и уште тројца Палестинци загинале, а најмалку 13 се ранети.

Министерството прво го идентификуваше 24-годишниот Саеб Азрики како последната жртва на зголемено насилство.

На видеата објавени во палестинските медиуми можеа да се слушнат експлозии и пукотници. Едно видео покажува наводни вооружени Палестинци како соборуваат мал израелски воен дрон за набљудување.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европските индекси во пораст по одлуката на ФЕД да ги намали каматните стапки

Тензиите меѓу Израелците и Палестинците се зголемија откако Израел започна рации минатата пролет по серијата палестински напади во кои загинаа 19 лица.

Во новите напади подоцна истата година, бројот на жртви се зголеми на 30. Од почетокот на оваа година загинаа 24 Палестинци, вклучувајќи ги и денешните жртви.

Според податоците на израелската организација за човекови права Безелем, минатата година биле убиени околу 150 Палестинци, најмногу од 2004 година, пренесува АП.

Израел вели дека повеќето од убиените се екстремисти, но биле убиени и млади луѓе кои протестирале поради рациите и други луѓе кои не биле вклучени во судирите.