Четворица од Интер имаат коронавирус

Сподели со своите пријатели

Полудефанзивецот на Интер, Раџа Наинголан и Роберто Гаљардини, исто така, беа тестирани позитивни на КОВИД-19, според „Ла Газета дело Спорт“.

Loading...

Така, веќе четворица играчи на „нероазурите“ можат да го пропуштат претстојното дерби со Милан поради коронавирусот. Другите двајца со позитивни резултати досега се Алесандро Бастони и Милан Шкрињар.

Интер сè уште официјално не ги потврди резултатите од Наинголан и Гаљардини.

Златан Ибрахимовиќ и Лео Дуарте во таборот на Милан пак се со позитивни тестови.

Влатче Зорба

Leave a Reply