Четворица кумановци се приведени под сомнение дека извршиле 11 кражби на подрачјето на Куманово.
Loading...
– Во текот на изминативе два дена, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.А,(25) Р.Р.(27), Д.Р.(30) и С.М.(27), сите од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, тие се сомничат дека извршиле 11 кражби на подрачјето на Куманово, од кои една во деловен објект и десет во приватни имоти.
Четворицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Никола Ивановски