Четворица цивили загинаа во напад на медицински центар во Харков

Сподели со своите пријатели

Четворица цивили загинаа, а неколку други се ранети во воздушен напад на руските сили врз медицински центар во Харков, соопшти локалната полиција.

Харков е вториот по големина град во Украина и се наоѓа во близина на руската граница на исток.

 

Лавров: Западот објави хибридна војна против Русија

 

„Утринава, по бомбардирањето на цивилната инфраструктура со неколку ракетни фрлачи, седум цивили се ранети, а четворица загинаа“, се вели во соопштението на полицијата.

Како што се додава, цел на нападите бил медицинскиот центар во областа Харков Основјански.

Според Би-Би-Си, руските сили неуспешно се обидуваат да го опколат Харков, а аналитичарите тврдат дека им снемува муниција.

 

Финска ги суспендира железничките врски со Русија

 

Дописниците тврдат дека отпорот на Украинците во градот ги фрустрира Русите кои се свртеа кон артилериски напади и ја уништија околината на Харков.