Четири жртви и 15 повредени во инцидентот во Трир, возачот уапсен

Сподели со своите пријатели

Во денешниот инцидент кога автомобил со голема брзина влета во пешаци во германскиот град Трир, во сојузната покраина Рајнска област-Пфалц, загинаа најмалку четири лица, а 15 се повредени.

Loading...

Министерот за внатрешни работи Роџер Левенц изјави дека меѓу загинатите е и едно бебе, а 15 лица се полесно и посериозно повредени, пренесе Анадолија.

Заменик началникот на полицијата во Трир, Франц-Дитер Анклер, изјави дека 51-годишниот германски државјанин, роден во Трир, кој влетал во пешачката зона, е уапсен и возилото е обезбедено.

Наведувајќи дека местото на злосторството и околината се затворени и дека истрагата продолжува, Анклер додаде дека осомничениот е брзо фатен и испрашуван.

Обвинителот Питер Фрицен рече дека осомничениот е под обвинение за четири убиства, неколку обиди за убиства и намерни повреди на многу луѓе.

Фрицсен кажа дека според првичните информации, нема докази за некаков религиски или политички мотивиран напад.

Германската канцеларка Ангела Меркел испрати сочувство до семејствата на загинатите, и на повредените им посака брзо закрепнување.

Сашко Димевски

Loading...

Leave a Reply