Четири трикови со кои за кратко време ќе го наполните мобилниот телефон

Сподели со своите пријатели

Доколку брзате, а батеријата на мобилниот телефон е речиси празна, постојат неколку едноставни работи што можете да ги направите кои ќе ви помогнат побрзо да ја наполните батеријата. Еве четири трикови како да го наполните вашиот мобилен телефон за кратко време.

Loading...

Користете авионски режим

Еден од најефикасните начини за брзо полнење на мобилен телефон е да користите авионски режим. Имено, оваа опција ќе ја ограничи количината на енергија што ја троши уредот за време на полнењето. Најдобро би било да ја вклучите оваа опција веднаш штом ќе го наполните уредот.

 

 

Не го проверувајте мобилниот телефон

Кога ќе го ставите мобилниот да се полни, не го проверувајте бидејќи што и да правите на него додека се полни ќе ја троши батеријата. Затоа, не проверувајте го процентот на батерии на секои пет минути, туку оставете го уредот да се полни.

Loading...

Приклучете го полначот во ѕиден штекер

Можеби ќе ви биде полесно и поудобно да го полните мобилниот телефон преку лаптоп, но најдобрата опција е дефинитивно ѕидниот штекер. Полнењето преку УСБ портот  е неспоредливо со приклучок.

Купете брз полнач

Брзите полначи се исклучително корисни и доколку брзате, ваквите полначи за кратко време ќе го вратат вашиот уред во живот, пишува Popsci. Секако, ова нема да ви помогне доколку вашиот мобилен телефон нема таква опција, па би било добро да внимавате на тоа при купување на нов уред.