Она што ги привлекува меѓусебно припадниците на спротивните полови тешко може да се објасни или дефинира со една реченица, но сепак според едно ново истражување спроведено со избрани „среќни двојќи“, постојат некои заеднички каратеристики на привлечноста.
Со истражувањето биле опфатени 167 двојки, кои се во „среќен брак или стабилна врска“ во траење од неколку месеци, па до 53 години.
Истражувачите при анализа на добиените податоци дошле до заклучок дека можат да се утврдат одредени заеднички карактеристики за тоа што најмногу кај спротивниот пол ги привлекува мажите, а што жените.
Loading...
Така истражувањето покажало дека мажите пред се ги привлекува физичкиот изглед на жените, додека за припадничките на понежниот пол најважни се карактерните особини на нивниот партнер.
На топ четири листата за она што ги привлекува мажите, на прво место се најде физичкиот изгред, пред добродушноста, верноста и интелегенцијата.
Кај жените, пак, прв критериум за привлечност кај мажите е стабилниот карактер, пред интелегенцијата, добрината и физичкиот изглед.