Доволно е да се направи споредба помеѓу 100 грама сок и 100 грама кора од лимон – кората има 3 пати повеќе витамин Ц, 1,5 пати повеќе калиум и дури 22 пати повеќе калциум.
Кората од лимон има ефективни дејства само доколку се одгледува органски и не се прска со пестициди. Во спротивно, тогаш има повеќе штета отколку добро.
Отстранување бигор
Истурете вода во садот од кој сакате да го отстраните насобраниот бигор и додадете ја кората.
Гответе 15 до 20 минути на тивок оган. Откако ќе зоврие, садовите ќе ви бидат чисти, а целата куќа ќе мириса на лимон.
Куќен освежувач
Кога сме кај мирисите, варете кора од лимон на тивок оган 15 до 30 минути, а по желба можете да додадете неколку капки есенцијално масло или зачини како анасон или цимет во водата.
Куќата ќе ви мириса фантастично, а готвењето можете да го повторувате неколку пати во текот на денот.
Чистење на даската за сечкање
Измешајте една лажичка сода бикарбона со малку вода или сок од лимон, а добиената смеса нанесете ја на даската и добро истријте ја со кора од лимон. На сличен начин можете да исчистите разни дрвени површини.
Истурете 2 чаши дестилирана вода во сад со капак и додадете кора од лимон и десет капки есенцијално масло со антибактериско дејство (лаванда или чајно дрво).
Покријте го садот и оставете го да отстои неколку часа (можеби и преку ноќ), а потоа процедете ја смесата и истурете ја во шише со распрскувач.
Спрејот можете да го користите за сите работни површини, а спрејот е 100% природен и безбеден и за децата.