Четири пожари вчера низ кумановско

Сподели со своите пријатели

Четири интервенции имале во изминатото деноноќие кумановските пожарникари, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Првата интервенција била на опожарена сува трева и стрниште во атарот на селото Романовце. Во период од 11:20 до 12:20 часот интервенирале петмина пожарникари со две противпожарни возила.

Пожар вчера имало и кај месноста Пчински пат, каде горела сува трева. Четворица пожарникари интервенирале во период од 12:20 до 13:25 часот.

Запален смет горел спроти булеварот „Октомвриска револуција“, под Спомен Костурница. Интервенирале тројца пожарникари во период од 22:14 до 23 часот.

Во атарот на селото Речица горела запалена сува трева. Во период од 22:00 до 22:44 часот интервенирале тројца пожарникари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Топлотниот бран не попушта

ТППЕ Старо Нагоричане вчера немале интервенции.

Никола Ивановски